Погодок! Нуди два начини на рекламирање. Покрај вообичаеното рекламирање преку банер (закуп на одреден број импресии) го нудиме и многу популарното рекламирање по клучни зборови (SEM- Search Engine Marketing) кое овозможува прикажување на рекламата само кога корисникот преку пребарувачот бара одреден поим (на пр. кога ќе побара поим „производи од чоколада“ ќе се појават реклами на „Витаминка Прилеп“ или „Европа Скопје“). Во SEM рекламирањето се плаќа по избирања (PPC модел) што значи дека се плаќа за рекламата само кога корисникот ќе ја избере интернет страницата на претпријатието (спонзорирана врска).
SEM − Search Engine Marketing: спонзорирана врска
Закуп на резултати на пребарувањето претставува нов начин на рекламирање на интернет пребарувачите. Корисниците на интернет кај нас и во странство го променија начинот на собирање информации: брзите и квалитетни пребарувачи доведоа до помалку сурфање по интернет и го заменија сурфањето со пребарување. Кога корисникот на пребарувачот ќе го запише бараниот поим (еден или повеќе зборови) пребарувачот за неколку секунди пронаоѓа врски со интернет страници кои одговарат на бараниот поим.
Статистики покажуват дека 79 % од сите избирања се случаат на првата страница со резултати. Тоа значи дека корисниците имаат доверба во пребарувачот и во повеќето случаи не ги гледат останатите страници со резултати.
Закуп на клучни зборови
Првите три места над резултатите на пребарувањето се врски со интернет страницата на оние претпријатија кои ќе направат закуп со клучни зборови. На тој начин врската со вашата интернет страница се појавува секогаш кога корисникот ќе го запише клучниот збор кој сте го закупиле (во бараниот поим); Вие плаќате само ако корисникот ја избере прикажаната спонзорирана врска (PPC модел на рекламирање). Се разбира дека текстот на спонзорираната врска и понудата на вашата интернет страница мораат да одговараат на запишаниот бараниот поим и со тоа на очекувањата на корисникот.
Критериуми на усогласеност на клучните зборови со понудата за вклучување на спонзорирани врски во резултатите на пребарувањето на страниците на Pogodok.com.mk:
Клучниот збор не смее да биде име на трето лице (може да биде лично име на нарачателот); на пр. Скопско пиво не може да го закупи клучниот збор Даб.
Спонзорираниот линк мора да одговара на очекувањата на корисникот:
Принцип на поголема популарност - на пр. „Охридско лето“ е многу познат фестивал и затоа не може на пр. агенцијата Охридско лето да ги закупи тие клучни зборови.
Принцип на позиционирање - на пр. претпријатие кое не е банка не може да го закупи клучниот збор банка.
Влијание на резултатите на пребарувањето - спонзорираната врска не смее да биде многу полоша од резултатите
Усогласеност на закупениот збор, текст, интернет страница - текстот на спонзорираната врска мора биде соодветен со бараниот поим и карактеристиките на страницата.
Должината на насловот и текстот: насловот на спонзорираната врска може да содржи најмногу 30 знаци, а текстот најмногу 100 знаци.